Ова репо го содржи статичниот сајт на хаклабот КИКА којшто е напишан со помош на Jekyll и Liquid.
Вебсајтот содржи мал систем за настани (следен настан, минати настани), блог и информации.
GitHub нуди бесплатно хостирање на статични сајтови коишто се пишувани во Jekyll. Исто, статичните сајтови не користат backing services (на пример: датабази, мејл), при што на некој начин се безбедни од напади од видот на SQL injection и слично.
Сајтот сервира претходно генериран HTML према клиентот и тука завршува приказната.
Настаните и блог-постовите се обични Markdown фајлови коишто се чуваат во папките _events
и _posts
, соодветно.
Секој фајл во папките _events
и _posts
треба да ги содржи следниве два дела:
- Детали за настанот или блог-постот од видот на: наслов, автор, датум...
- Содржина
---
title: "Учиме да лемиме!"
author: "Некојси"
layout: "event_post"
start_date: "2019-02-01T14:00:00Z"
end_date: "2019-02-01T15:00:00Z"
---
---
title: "Како поминавме на НСНД19"
author: "Некојси"
layout: "blog_post"
date: "2019-01-26T14:31:01Z"
tags: "nsnd moravice"
category: "other"
---
---
title: "Учиме да лемиме!"
author: "Некојси"
layout: "event_post"
start_date: "2019-02-01T14:00:00Z"
end_date: "2019-02-01T15:00:00Z"
---
Во петок ќе учиме да лемиме во #хаклаб! Секој што
сака да научи е добредојден. :)
Делот со детали може да се пишува мануелно, но е мачно, за таа цел постои алатката којашто ќе го убрза целиот процес на креирање настан или блог-пост.
Сега кога ги имаш двата дела напишани во фајлот, следно е да му дадеш име. Името на фајлот треба да биде во следниов редослед:
YYYY-MM-DD-some-short-title.md
Каде што:
- YYYY - година
- MM - месец
- DD - ден
Значи:
- Креирај сметка на github
- Побарај пристап до skopjehacklab заедничкото репо
- Влези во
_events
или_posts
папката на ова репо - Кликни на
Create new file
- Посети ја алатката и копирај ги деталите
- Залепи ги деталите во фајлот и под нив напиши содржина
- Дај му име на фајлот според горенаведеното
- Напиши commit порака и commit-ни го фајлот
_layouts
- секој настан или блог-пост има својlayout
или распоред по кој што ќе се генерира HTML-от._includes
- овде стојат фајловите во видот наheader.html
иfooter.html
коишто ги содржи секоја страница на вебсајтот.assets
- CSS, JS, слики, икони и слично.blog
- изгледот на блогот и страницата која ги сортира блог постовите по лепенки и категории.index.html
- главната страницаdonations.html
- страницата за донацииevents.html
- страницата за настаниfaq.html
- страницата за ЧПП.members.html
- страницата со информации за местото и чланарината
_posts
- овде стојат блог постовите_events
- овде стојат настаните_config.yml
- овде стои конфигурацијата на целиот вебсајт, мени за навигација, ЧПП, линкови, плагини и слично.
Додавање на ЧПП или нов линк во менито за навигација се врши во фајлот _config.yml
.
Багови и грешки во вебсајтот се пријавуваат во Issues
на ова репо. За да поправиш грешка или додадеш нешто на сајтот (ова НЕ вклучува настан и блог-пост) отвори нов Pull Request и побарај некој да го провери.